Осветување на храм на Пресвета Богородица во село Студена Бара

На 25.05.2016 година, на Преполовението од Светата Педесетница, кога го славиме светиот Епифаниј Кипарски, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф го освети храмот на Пресвета Богородица во село Студена Бара – Кумановско. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.