Вечерна богослужба во Шлегово

На 3.12.2016 година, во предвечерието на празникот на Воведението на Пресвета Богородица во Храмот, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Воведението на Пресвета Богородица во с.Шлегово – Кратовско.