Воведение на Пресвета Богородица во Храмот

На 4.12.2016 година, кога Црквата го слави Воведението во храмот на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во храмот посветен на Воведението на Пресвета Богородица, во с.Шлегово – Кратовско го преосвети Светиот Престол и служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.