На 2 април 2017 година, во Петтата недела од Великиот пост, посветена на преподобна Марија Египетска, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Василиева Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

