На 19.12.2025 година, кога Црквата го слави споменот на свети Николај Мирликијски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во сослужение со Неговото Преосвештенство Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким, служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.










