Света Литургија во Недела Сиропусна – Прочка

На 06.03.2022 година, Недела Сиропусна, преп. Тимотеј и св. Евстатиј Антиохиски – Прочка, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во манастирот Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.