На 07.04.2022 година, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј служеше Света Литургија и Вечерна богослужба, во митрополитскиот соборен храм свети Никола во Куманово, каде беше прославен празникот кој го јавува предвечното таинство и кој е почеток на нашето спасение – Благовештението на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, кој е епархиска слава на Свештената Кумановско-осоговска епархија при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.









