Благовештение на Пресвета Богородица

На 7 април 2023 година, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј го преосвети храмот на света Троица во Куманово и служеше Света Златоустова Литургија, каде беше прославен празникот кој го јавува предвечното таинство и кој е почеток на нашето спасение – Благовештението на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија, кој е епархиска слава на Свештената Кумановско-осоговска епархија при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

На Светата Литургија свештеникот Ивица Трендевски беше произведен во протојерејски чин.

На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.