Света Литургија на празникот Собор на Пресвета Богородица

На 08.01.2022 год., Собор на Пресвета Богородица (и спомен на Св. Ефтимиј Исповедник, епископ Сардиски; Преп. Константин Синадски; Преп. Никодим Прилепски и Тисмански), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во храмот на Св. великомаченик Димитриј, во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.