Собор на Пресвета Богородица

На 08.01.2024 година, кога Црквата го слави Соборот на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.  Григориј во сослужение со Митрополитот Повардарски г. Агатангел служеше света Литургија во храмот на свети вмч. Димитриј во Кавадарци. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.