Чествување на 55 годишнината од Возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква

На 09.10.2022 година, Недела 17-та по Педесетница и чествување на 55 годишнината од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква,  Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј, сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а сослужуваа повеќе Архиереи на МПЦ-ОА, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар,  Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополит г. Јосиф, Епископот Хераклејски г. Климент, Епископот Стобиски г. Јаков и бројно свештенство и монаштво на нашата Македонска Црква, во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Кавадарци. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.