Осветување на храмот на свети великомаченик Георгиј во Киев

На 09.12.2023 година, кога црквата го празнува споменот на осветувањето на храмот на свети великомаченик Георгиј во Киев, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Митрополит Брегалнички г. Иларион и Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Георгиј во Кочани. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.