На 10.04.2023 година, во Светиот и велик Понеделник од Страсната седмица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветените Дарови, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.





