На 12.03.2022 година, прва сабота од Великиот пост и спомен на чудото на свети Теодор Тирон, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј, служеше Света литургија во храмот св. Теодор Тирон, во с. Конопница, Крива Паланка. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.







