На Велики Четврток (13 април 2023 година) во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, служеше Света Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.







