На 15.04.2022 година, петок од шестата седмица на Великиот пост, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветени Дарови, во митрополитскиот соборен храм свети Никола во Куманово. На Светата Литургија дипломираниот Теолог Никола Димиќ беше ракоположен во ѓаконски чин. Верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.
















