На 16.04.2022 година, Лазарева сабота, неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во храмот Св. вмч. Мина, н. Проевце во Куманово. На Светата литургија ѓаконот Кире Горгиев беше произведен во протоѓаконски чин, а ѓаконот Никола Димиќ беше ракоположен во свештенички чин. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.













