Света Литургија на празникот Богојавление. Крштение на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос

На 19.01.2022 год., Свeто Богојавление, Крштение на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во митрополитскиот соборен храм Св. Никола, во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.  По Светата Литургија беше извршен Голем Водокрст.