На 19.12.2022 год., 170 години од изградбата на митрополитскиот соборниот храм Свети Никола, во Куманово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во сослужение со митрополитот Повардарски г. Агатангел, служеше Света Литургија за храмовата слава – празникот на свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликијски. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.











