Литургија на претходноосветени Дарови

На 20.4.2022 година, во присуство и со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, беше отслужена Литургија на Претходноосветените Дарови, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј.
По завршетокот на Литургија, Архиепископот г.г. Стефан и Митрополитот г. Григориј, се упатија во параклисот при Соборниот храм, кадешто се извршува варењето на Светото миро и прочитаа зачала од Евангелието.