Во петокот од првата седмица од Великиот Пост (22 март 2024 г.), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветени дарови.
На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.














