На 23.02.2024 година, во навечерието на празникот на свети Георгиј Кратовски, во храмот св. Ѓорѓи Кратовски во Кратово, на покана на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Вечерна богослужба за празникот на свети Георгиј Кратовски служеше Митрополитот Доростолски г. Јаков од Бугарската Православна Црква.






