На 27.11.2016 година, во Дваесет и третата недела по Педесетница, кога си спомнуваме за светиот апостол Филип и светиот Григориј Палама, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

