Литургија на претходноосветени дарови во Крива Паланка

Во петокот од четвртата седмица од Великиот Пост (24 март 2023 г.), во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветените дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.