На 19.11.2017 година, во Дваесет и четвртата недела по Педесетница, кога Црквата го слави споменот на светиот Павле Цариградски, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово.
На Светата Литургија, јерејот Георгиј Бурмузовски беше произведен во протојереј, а верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

