На 25.03.2022 година, петок од третата седмица на Великиот пост, св. Григориј Двоеслов, св. Симеон Нов Богослов, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветени Дарови, во храмот Свети Јован Крстител во Кратово. На Светата Литургијата верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.









