Дванаесетта недела по Педесетница

На 27.08.2023 година, Дванаесетта недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. Пред Литургијата во чтец го произведе богословот Лука Пешевски. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.