На 13.12.2020 г., во Дваесет и седмата недела по Педесетница и празник на св. апостол Андреј Првоповикан , Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија во манастирот на Свети великомаченик Георгиј во с. Старо Нагоричане, Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.




