Света Литургија во Петок од Светлата Седмица – Источен Петок (Балаклија)

На 29.04.2022 год., Петок од Светлата Седмица – Источен Петок, празник востановен заради чудата што се случувале на изворот покрај храмот „Животоносен источник“ (кој бил посветен на Пресвета Богородица, а се наоѓал во Балаклија, во близина на Константинопол), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија, во храмот Света Петка, во нас. Бедиње, Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.