Акатистна сабота во Куманово

Во навечерието кон петтата сабота од Великиот пост, т.н. Акатистна сабота, кога се чита целата служба на Акатистот на Пресвета Богородица, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Утрена богослужба со Акатист на Пресветата и Славна Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија.