На 19 јануари 2017 година, кога Црквата го слави Крштението Господово – Богојавление, во митрополитскиот соборен храм на Свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни. После Литургијата беше извршен Голем Богојавленски водосвет.

