Единаесетта недела по Педесетница

На 16.08.2026 година, во Единаесеттата недела по Педесетница Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во храмот на света Троица во Куманово.На Светата Литургија сослужуваа протојереј ставрофор Блаже Цековски, јереј Славко Обрадович од епархија Ваљевска Р. Србија, јереј Филип Станковски и ѓаконот Христијан Мишевски. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.