Во петокот од првата седмица од Великиот Пост (07 март 2025 г.), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.








