Литургија на претходноосветени дарови во Куманово

Во петокот од втората седмица од Великиот Пост (29 март 2024 г.), во храмот на света Троица во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветени дарови.

На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.