Во средата од третата седмица од Великиот Пост (3 април 2024 г.), во храмот на свети Јован Крстител во Кратово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветените дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.




