На 16.03.2022 година, среда од втората седмица на Великиот пост, св.мч-ци Евтропиј, Клеоник и Вaсилиск, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветени Дарови, во храмот света Троица во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.











