Литургија на претходноосветени Дарови во Куманово

На 18.03.2026 година, среда од четвртата седмица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј служеше Литургија на претходноосветени Дарови, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.