Литургија на претходноосветени дарови во Куманово

Во средата од првата седмица од Великиот Пост, 25.02.2026 година, во Митрополитскиот соборен храм на Свети Никола во Куманово, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение на архимандритот Фотиј (Костовски), протојереј-ставрофорите Александар Смиљков, Блаже Цековски, Драган Алексовски, Антониј Петрушевски, протојереите Дејан Апостоловски, Кире Горгиев и Симеон Стојанов, како и ѓаконите Бранко Ѓорѓиевски, Орце Ѓошевски и Христијан Мишевски служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Божествената Литургија присуствуваа и свештениците од Кумановско-осоговската епархија, кои после Литургијата пристапија кон светата тајна исповед. Со благослов на митрополитот Григориј, свештениците ги исповедаше протојереј-ставрофор Драги Стојановски.На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.