Света Литургија на празникот Собор на Пресвета Богородица

На 08.01.2021 година, во храмот Свети великомаченик Димитриј, во Крива Паланка., Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Литургија на празникот Соборот на Пресвета Богородица. Истиот ден се празнува и споменот на преподобен отец наш Никодим Прилепски. На Литургијата, за време на Малиот вход, беше ракопроизведен во ипоѓакон Бранко Ѓоргиевски, кој долги години е псалт во храмот на Свети вмч. Димитриј, во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.