Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј ја изразува својата загриженост за воените дејствија во Светата земја

Неговото Високопреосвештенство, богоизбраниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј, ја изразува својата загриженост за воените дејствија во Светата земја. Митрополитот ги повикува властите и народите на двете завојувани страни, Израел и Палестина, итно да ги стопираат воените дејствија и по мирен пат да ги решат заемните недоразбирања.

Во името на Бога практикувајте човекољубие, а статолатријата градете ја врз основа на тоа Негово начело на постоењето. Да надвладее љубовта помеѓу народите и со разумни решенија да се стави крај на крвопролевањето и страдањето на луѓето.

Митрополитот г. Григориј, ги повикува чесното свештенство и богољубивиот народ во  Кумановско-осоговската епархија, во своите молитви непрестајно да си спомнуваат за мир во Светата земја, за жртвите и настраданите.