Во третата недела по Пасха (19 мај 2024 година ), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше света Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.






