На 26.02.2017 година, во Неделата на простувањето, кога Црквата годинава го прославува споменот на преподобниот Мартинијан, Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во храмот на свети Димитриј во Крива Паланка служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија, богословот Блаже Цековски беше ракоположен во ѓаконски чин. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

