Недела на раслабениот

На 11.05.2025 година, во Неделата на раслабениот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение со Митрополитот Доростолски г. Јаков, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот г. Јосиф, Епископот г. Борис и Епископот Велички г. Никола, служеше Света Архијерејската Литургија во катедралниот храм на светите апостоли Петар и Павле во Силистра, Р.Бугарија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.