На 26 мај 2019 година, во петтата недела по Пасха, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф отслужи Божествена Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

