Недела на сите Светии

На 6 јуни 2026 година, во навечерието на Неделата на сите Светии, во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип пристигна прекрасен препис на иконата на Пресвета Богородица Троеручица. Иконата од Света Гора ја донесе игуменот на светата Хиландарска обител, високопреподобниот архимандрит Методиј.Иконата беше свечено пречекана од Високопреосвештените Митрополити Брегалнички г. Иларион, Кумановско-осоговски г. Григориј, Австралиско-новозеландски г. Никола, како и свештенослужители, монаштво од Брегалничката епархија и многуброен верен народ.Од Соборниот храм „Св. Николај“, иконата беше литиски пренесена во храмот „Св. великомаченик Димитриј“ во Ново Село – Штип, каде што беше отслужен Молебен канон и Акатист кон Пресвета Богородица.Утредента, на 7 јуни 2026 година, во Неделата на сите Светии, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, во сослужение на Високопреосвештените Митрополити Брегалнички г. Иларион и Австралиско-новозеландски г. Никола, како и високопреподобниот архимандрит Методиј, игумен на светата Хиландарска обител, отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот „Св. Гаврил Лесновски“ во Лесново.На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.