На 21.05.2023 год., во шеста недела по Пасха, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Света Троица во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.





