Сеноќно бдение во црквата на свети Григориј Палама во Струмица

Во втората недела од Великиот пост – Недела на свети Григориј Палама, заштитник на Струмичката епархија (27 март 2016г.), Митрополитот Европски г. Пимен во сослужение со Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф отслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија во црквата на свети Григориј Палама и свети Димитриј Мироточив во Струмица. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.

Извор: Струмичка епархија