Недела на св. Јован Лествичник

На 26.03.2017 година, четврта недела од Великиот пост, посветена на св. Јован Лествичник, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Василиева Литургија во храмот на света Троица во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.