На 22.01.2017 година, во Триесет и првата недела по Педесетница, кога си спомнуваме за светиот маченик Полиевкт, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Јован Крстител во Кратово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

