На 12.01.2025 година, во дваесет и деветтата Недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј во сослужение со епископот дремвитски г. Давид, служеше Света Златоустова Литургија во Манастирот „Успение на Пресвета Богородица”, с. Маркова Сушица. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.








